На 21-та годишнина од американското признавање на Македонијa, денеска на Правниот факултет во Скопје ќе биде промовирана книгата „Балканот и американската дипломатија во XX век“ од проф. д-р Мишо Докмановиќ.
Она што го чини ова дело автентично е фактот што „Балканот и американската дипломатија во XX век“ претставува прв учебник од областа на американската дипломатија објавен на македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Д-р Мишо Докмановиќ е вонреден професор на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Завршил и постдипломските студии по современа дипломатија на Медитеранската академија за дипломатски студии. За врвните резултати постигнати во научно-истражувачката работа, добитник е на наградата „Научник на годината“ за 2013 година.