Собранието ќе ја продолжи 43. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 43. седница со расправа за предложените измени и дополнувања на законите за Управата за јавни приходи, за Царинската управа, за надворешни работи, за судска служба и за извршување на санкциите, сите по скратена постапка.

На дневен ред се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, на Законот за културата, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, сите по скратена постапка.

Пред пратениците ќе се најде и Годишниот извештај на народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски