Рахој: Кредиторите ќе попуштат, ако Атина спроведе некои реформи

Од:

Меѓународните кредитори на Грција би можеле да покажат флексибилност и да попуштат, доколку грчката Влада спроведе некои од бараните реформи, изјави денеска шпанскиот премиер Маријано Рахој, кој важи за приврзаниик на непопустливиот став кон Атина.

– Ако Грција ги направи тие реформи, верувам дека сите ќе покажат флексибилност и секако јас сум приврзаник на тоа. На тој начин Грција ќе покаже дека е сериозна во врска со исполнувањето на обврските, по што мислам дека ќе тргнеме во вистинската насока, изјави Рахој во онраќање пред пратениците во шпанскиот Парламент.

Европските партнери и дадоа рок на Грција до понеделник да достави листа на прифатливи реформи во замена за исплата на последната транша од пакетот за помош во вредност од 7,2 милијарди евра. Листата на реформи треба да биде разгледна пред средбата на министрите за финансии од еврозоната предвидена за 24 април во Рига.

– Најдобро за сите ќе биде да се постигне договор меѓу Еврогрупата и грчката Влада, нагласи Рахој, додавајќи дека главен проблем за Грција во моментов е како да оствари раст и да создаде работни места.

На крајот на 2014 година стапката на невработеност во Грција изнесуваше 26 отсто, а на економски раст 0,8 проценти. Наспроти ова, грчкиот државен долг достигна ниво од 177,1 отсто од бруто домашниот производ.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата