Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан изјави денеска по средбата со премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ во Брисел дека Црна Гора е пример за развивање на односите со соседите во регионот и повика за продолжување на реформите во областа на владеењето на правото.
– Драго ми е што премиерот Ѓукановиќ повторно ќе го видам следната недела на бриселскиот состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан, што е одличен пример за регионална соработка, рече Хан.
Тој најави дека на претстојниот состанок на 21 април ќе се разговара за поврзувањето на земјите од регионот во областа на транспортот и енергијата, кои се од клучно значење за економскиот развој.
Тој ја пофали Црна Гора поради досега остварениот напредок во преговарачкиот процес, но истакна дека е важно тие реформи да се применат во пракса.
– Тое е и еден од клучните услови Црна Гора да добие покани за членство, рече Хан.
Ѓукановиќ изјави дека Црна Гора, која досега отворила 18 преговарачки поглавја, а се подготвува да отвори уште пет, е неспорен лидер во европските интеграции на регионот.