Непознат сторител, маскиран и со закана со нож синоќа ја ограбил аптеката Мак Фарм“ на улица „Веселин Маслеша“ во скопската населба Карпош 2, соопшти МВР.
Маскираниот крадец синоќа околу 20:50 часот влегол во аптеката и со нож и се заканил на вработената, по што ги одзел парите од дневниот промет – околу 14.000 денари, и го напуштил местото на настанот.