Трибина посветена на Тери Прачет

Од:

Вечерва со почеток во 20 часот, во Менада, ќе се одржи трибина во организација на издавачот Арс Либрис, посветена на неодамна починатиот култен писател Тери Прачет.

Насловот на трибината и истовремено нејзина тема е „Смртта зборува со големи букви“.

Тери Прачет, кој почина на 12 март годинава, е најпознат по епското дело – хумористично-фантастичниот серијал „Дисксвет“. Освен тоа што целта на трибината е да се направи мал омаж на авторот, идејата е преку поттемите да се опфатат и следните прашања: хуморот како еден од начините на разгледување на универзалните прашања: религиозни, општествени, политички, морални; хумористичниот поглед на животот и смртта; предизвиците на преводот на книжевен хумор, особено предизвикот за превод на делата на Тери Прачет.

Ова е и повод издавачот да ги промовира третиот и четвртиот дел од серијалот Дисксвет („Еднакви ритуали“ и „Морт“), кои ќе бидат во продажба за време на настанот, а потоа на саемот на книгата од 5 до 11 мај.

Модератор на настанот ќе биде Ана Зафирова, а учесници: Д-р Александар Таковски, Анета Мострова-Јованова, М-р Дејан Василевски и Д-р Милан Дамјаноски.

По трибината следува проекција на документарец, објавување на конкурс за краток хумористичен расказ во рамки на блогот на издавачот – blog.literatura.mk, како и забава во чест на авторот со коктели на смртта, токму како што и самиот би посакал.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска