Во Салон 19,19 денеска почнува културната манифестација „Гимназијада“ во чии рамки ќе бидат одиграни пет претстави.
Проектот е на КИЦ, се одржува петти пат и ќе трае до 6 мај. Во реализацијата се вклучени околу 150 ученици од скопските средни училишта. Подготвуваат претстави по сопствено сценарио, режија, сценографија, костимографија, сценско движење, актерска игра и музика.
Првата „Гимназијада“ се одржа во април 2009 година. Досегашните четири манифестации имаа вкупно 345 учесници, а ги следеа 3.380 гледачи и за секоја претстава се бараше карта-повеќе.