Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска ќе биде промовирана книгата „Се случува вечност“ од Радован Павловски, добитник на наградата „Ацо Шопов“ за 2014 на Друштвото на писатели на Македонија.
За најновата поетска книга на Павловски ќе зборуваат академик Милан Ѓурчинов и Бранко Цветкоски, а стихови ќе интерпретира актерот Томе Витанов.
Акедемик Радован Павловски од 2006 година е редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Автор е на многу поетски книги и добитник на сите позначајни книжевни награди за поезија во Македонија, носител е на високи поетски награди од поранешните поетски и културни југословенски простори, како и на влијателни светски признанија за животно дело. Преведуван е на многу светски јазици и е застапен во сите антологии на современата македонска поезија.