Продолжение на 43. седница на републичкото Собрание

Од:

Републичкото Собрание денеска  треба да одржи продолжение на  43. седница, со расправа за предложените измени и дополнувања на законите за Управата за јавни приходи, за Царинската управа, за надворешни работи, за судска служба и за извршување на санкциите, сите по скратена постапка.

На дневен ред се и предлог законите за изменување на законите за јавни претпријатија, за култура, за здравствена заштита, за здравствено осигурување, за пензиското и инвалидското осигурување, за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, по скратена постапка.

Пратениците треба да расправаат и за предложените измени на законите за безбедност на храната, за водните заедници, за земјоделско земјиште, за социјална заштита, за технолошки индустриски развојни зони.

Предлог одлуките за давање согласност на предлог финансискиот план и годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година, како и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2014 година, се исто така дел од дневниот ред на 43 седница.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски