Турција почна денеска со градба на првата атомска електроцентрала што ќе се гради во Аккујо во јужна Турција. Проектот е вреден 19 милијарди евра и ќе ја гради руската компанија Росатом.
Се очекува АЕЦ да почне со работа во 2020 година.
Денеска беше поставен камен-темелник на првиот од четирите реактори од кои секој ќе биде со можност од 1.200 мегавати.
– Нема развој во држава без нуклеарна енергетика. Турција која се развива, не може да не обезбеди таков вид енергија, изјави Танер Јилдиз, министер за енергетика.
За да се намали енергетската зависност од Русија или Иран, Турција почна амбициозна програма со која е предвидено изградба на три АЕЦ до 2030 година.
– Ако оваа централа беше изградена пред 10 години, ќе заштедевме 14 милијарди долари од купување природен гас, додаде Јилдиз.
Проектот за АЕЦ во Аккују е подложен на остри критики од еколози кои се загрижени заради животната средина и одобрението дадено за градба во зона со силна сеизмичка активност.