Бројот на туристи во Македонија во февруари 2015 година изнесувал 29.743, а бројот на ноќевањата 62.297 што е зголемување во однос на истиот месец лани за девет отсто (кај туристите) и за 2,8 проценти (кај ноќевањата).
Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е намален за 11,6 отсто, а бројот на странските е зголемен за 23,5 проценти. Слична е состојбата и кај ноќевањата, оние на домашните туристи бележат намалување, за 13,1 отсто, а на странските се зголемени за 16 проценти.
Во периодот јануари – февруари 2015 бројот на туристите е зголемен за 7,6 отсто во однос на истиот период минатата година, а на ноќевањата за 1,7 проценти. Кај домашните туристи е евидентирано намалување за 5,6 проценти, а кај странските зголемување за 18,2 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, кај домашните туристи е намален за 12,1 отсто, а кај странските е зголемен за 15 отсто.