НАТО има планови за одбрана на Турција

Од:

Шефот на НАТО изјави дека 28-члената воена алијанса има подготвено планови за одбрана на Турција од нападите од Сирија, ако биде потребно тоа, но изрази надеж дека двете земји ќе најдат начин да ја запрат ескалацијата на тензиите.

Амбасадорите во НАТО, на вонреден состанок минатата недела и дадоа поддршка на Турција по експлозиите на сириските гранати во турскиот пограничен град, при што загинаа петмина цивили. Тоа е најсериозниот случај на прекугранично насилство од почетокот на бунтот против претседателот Башар ал-Асад во Сирија, а Турција и Сирија од тогаш постојано разменуваат оган.

Ги имаме подготвено сите потребни планови за заштита и одбрана на Турција, ако тоа биде потребно, им рече генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на новинарите пред состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО во Брисел.

Расмусен ја пофали турската влада за воздржаност и рече дека се надева оти двете страни ќе избегнат ескалација. Очигледно е дека Турција има право да се брани според меѓународното право, рече тој, и додаде дека Турција може да се потпре на солидарноста на НАТО.

Турција е членка на НАТО од 1952 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски