Свлечиште на патот Прилеп-Ресен, сообраќајот во прекин

Од:

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

Инаку, како што соопшти АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

На регионалниот пат Гевгелија – локалитет „Смрдлива вода” во м.в. „Длабок дол”, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози