Дуото кларинети Ѓоревски-Бакревски освои сребрена награда на натпреварот за соло и камерна музика „Свирел”, што се одржува во Словенија.
Двајцата македонски кларинетисти, на фестивалот што се одржа минатиот викенд, се натпреваруваа во категоријата камерни состави во која настапија учесници од повеќе европски земји. Меѓународното жири им ја додели сребрената награда.
Ристо Ѓоревски и Игор Бакревски како дуо кларинети заедно настапувааат веќе неколку години и успешно ја презентираат македонската музичка култура во земјата и во странство. Двајцата кларинетисти заеднички соработуваат и како членови на оркестарот при Македонската опера и балет.