Прилепчанец натепан со бејзбол палки на семафор

Од:

Прилепчанец вчера рано наутро бил тепан додека со автомобилот чекал на семафор.

Како што извести СВР Битола, вчера околу 4 часот во Прилеп во близина на мостот „Табана“ додека Д.К.(33) од Прилеп со возилото стоел на семафор на црвено светло, пред него застанало друго возило од кое излегле три непознати лица кои физички го нападнале, а едно од лицата го удрил со дрвена палка по главата, по што избегале.

Повредениот е пренесен во Медицинскиот центар во Прилеп, каде му се утврдени телесни повреди.

Полицијата трага по сторителите.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина