Велигденска честитка од премиерот Груевски до верниците на Евангелско-методистичката црква

Од:

Премиерот Никола Груевски по повод Христијанскиот празник – Велигден упати честитка до претседателот на Евангелско-методистицката црква во Република Македонија, Емил Заев и до сите верници на Евангелско-методистицката црква.

– Ми претставува чест и задоволство на овој пресветол ден, во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, Вам, на Вашето ценето свештенство и на сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам Христијанскиот празник – Велигден, истакнува Груевски во честитката..

Воскресението Христово, како што посочува премиерот, е момент на најголема радост на верниците.

– Овој празник е порака до целиот човеков род дека надежта за спасение не е залудна, дека неговата љубов за сите нас не познава граници, а неговата милост не прави разлики на еден човек од друг. Да се сака, да се простува, да се помага и на блиските и на незнајните е најдобриот начин да се оправда неговата вербата во човештвото. Живеењето на живот во кој се следат правилата кои се испишани во Светото писмо е придобивка и позитивен пример за живот исполнет со љубов, меѓусебно почитување, милосрдие кон другите и солидарност. Следењето на овие принципи се и човечки и цивилизациски придобивки кои носат подобар живот, сплотување и напредок, стои во честитката од премиерот.

На верниците од Евангелско-методистичката црква Груевски им посака празничните денови да ги поминат исполнети со радост, среќа и благодат.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски