ДОМ реагира на сечата на дрворедот спроти зградата на некогашен ЗОИЛ во центарот на Скопје во, како што велат неработен ден, на Велики Петок, и прашува дали тоа е поттикнато од договорот Законот за урбано зеленило следнава недела да влезе во собраниска процедура и да се донесе.
Како што наведуваат во соопштението, сечата е извршена откако изминатите денови Законот заеднички се читал и се усогласил на работна група со претставници од ДОМ, Градот Скопје, Паркови и зеленило, Агенцијата за просторно планирање и Министерството за транспорт и врски.