По долги години жестоки дебати, Австрија ќе забрани пушење во кафулиња и ресторани во 2018 година, приклучувајќи се кон другите европски земји, пренесе Ројтерс.
Според сегашниот закон од 2009 година пушењето е забрането на јавни места, но има бројни исклучоци, најчесто во рестораните. Текстот предвидуваше создавање на зони за непушачи во угостителството. Сопствениците на кафулиња, каде забраната за пушење ќе влезе во сила во јули 2016 година, ќе добијат специјални еднократни надоместоци кои ќе ги покријат барем делумно нивните загуби, соопшти Стопанската комора, која е загрижена за бизнисот кој вложил средства во поделбата на пушачите од непушачите.
Идната забрана ќе важи и за електронските цигари. Ќе има исклучок за хотелите, каде што може да има сала за пушачи, каде сепак нема да се служи храна и пијалаци.
Малата алпска република останува една од западноевропските земји, каде што цените на цигарите се најниски. Една третина од населението на земјата се пушачи,
според европско истражување од 2012 година. Во ЕУ овој процент е во просек 28 отсто.