Атлантик – Вашингтон
Некогаш одамна, пред просветлувањето да било поврзано само со медитација и јога, постело Просветителство: филозофска револуција од 17 и 18 век која го обликувала модерниот запад. Пред просветителите да ги откријат природните права, многу луѓе немале никакви права, слободата на говор била многу ограничена, а владетелите не одговарале пред судот и јавноста. Идеалите на просветителството денес се општо прифатени: толеранција и еднаквост, разум и наука, образована и ангажирана јавност. Но, нејзините принципи со времето се одвоија од нејзината пракса.
Просветителството е она што историчарите го нарекуваат голем наратив (слободно додајте злобна насмевка). Колку морале да бидат будалести тие костимирани сонувачи, кога верувале во стекнувањето на знаењето, достоинството на секој поединец и право да мисли, да зборува и да моли по свој избор. И колку навистина ние сме попаметни, додека за такви прашања воопшто не се грижиме скролувајќи по своите екрани? Што би рекол Г. К. Честертон: – Се е важно, освен се.
Звучи ироничо, но идејата на непрекинат прогрес ја должиме на наследството на просветителството. Пред модерното време, напредокот се одвивал по волја на севишниот бог, а кралевите и клериците биле носители на моралниот авторитет.
За да го разбереме, треба да се договориме што е тоа просветителство. Сите се согласуваат дека тоа се случило, но мислењата се разидуваат ако се постават прашањата кога, зошто и каде. Тоа тежело на науката темелена на разум и откривање на универзалните принципи на кои се темели светот. Но, нашиот поглед на светот стана локален. По 1989 година и смртта на марксизмот, еден од најголемите наративи на просветителството, историчарите го поделиле на помали целини, како архитекти на станови. Зата денес ни се чини дека имало повеќе такви просветлувања. Француските дендии кои луцидно расправаат за Разумот и укинувањето на црквата. Зајапурените Британци кои од клерови преминуваат на кафе и разгледување на употребата на невидливата рака на Адам Смит. Практичните Американци кои во дивина ги откриваат своите природни права. Германците кои се соблекувале и се зближувале со природата. Евреите кои остануваат облечени и се зближуваат со Германците. Сите се просветлуваат, но секој на свој начин.
Со или без голите Германци, тоа не е се. Просветителството е широк феномен, самиот збор често го користиме како синоним за модерниот живот, но неговите резултати зависат од локалните варијации. Тоа е како односот на климата и временските прилики: нивната разновидност ја потврдува постојаноста на климатските услови, но нивниот однос сеуште е нестабилен. Виченцо Фероне, автор на книгата Enlightenment: History of an Idea – Просветителствот: историја на една идеја, просветителството го нарекува кентаур, невозможна комбинација. Во прашање се низа апстрактни филозофски идеали, но и проживеаното историско искуство исполнето со секојдневни разочарувања и неправедности. Знаеме како би требало да изгледа кентаур, но никогаш не сме го виделе во реалниот живот.
– Човекот секогаш треба да се стреми да се надминува самиот – напиша Браунинг, – бидејќи за што инаку би служело небото? Просветителството било прва модерна теорија на се. Укинување на империите, робовите и свештеницит; дајте ни нации, слободни умови и слободна јавност. Апсолутното спознавање на светот води во развој на општеството. Така накусо гласела теоријата. Во пракса, некои од локалните верзии биле застрашувачки, бидејќи теоретичарите на просветителството верувале дека се знаат најдобро. Тоа бил пресврт на интелектуалците кои често го прилагодувале на самите себе. Биле горди на својата непоткуплива моралност, но токму како и средновековните свештеници чија моќ ја презеле, го гледале светот од висина од својата привилегирана позиција. Волтер ја критикувал црквата, но религијата ја сметал како добро средство за контрола на плебсот: подобро малиот човек да се фати за верата, отколку за оружјето. Русо ги презирал авторитетите, но го поддржувал просветлениот апсолутизам, кој луѓето ги присилува да бидат слободни.
Гете зборувал: – Денес нема сомнеж дека светската историја повремено треба да се пишува од почеток.
Историски гледано, менаџерскиот елитизам се утврди како докажан пат кон пеколот. Денешните технократи трчаат за фатаморгана на совршенството, наводно за наше добро. Лоренс Лесиг ни предлага да ги напуштиме 18 вековните идеали на интелектуалната сопственост и уставот; можеби Гугл може да ја спонзорира Втората уставна конвенција? Кес Санстајн смета дека луѓето не се во состојба сами да носат одлуки и дека владите треба да не бутнат кон здрави избори. Зошто постојано да јадеме колачи кога можат да не присилат на слобода на избор за шведска маса? На овие одбојни идеи дојде и еден Русо, денес да работи во маркетинг. Тие се одраз на поголемиот јаз меѓу владејачката класа и класата потчинети, меѓу постојаните и привремените, меѓу богатите и сиромашните.
Многу просветителства не се толку во неговите идеали колку што се во нашите напори да ги разбереме. Во тоа е и трагедијата. Историјата се одвива на ничија земја меѓу теоријата и праксата. Но ничија земја, економска, социјална и политичка е лошо место за живот на модерниот запад. Просветителството никогаш автоматски не ја подразбирало демократијата. Патот до идеалите на природата до политиката на природното право често се заглавувал во таа кал на ничија земја во реалната историја. Во интелектуална смисла, просветителството од секогаш било елитно. Но, во бизнисот, комерцијалната реалност се однесува на превагнување над прашањата на етиката.
Идеалите на научното истражување и слободната размена на идеи преживеаја, но по цена на слабеење на просветителското наследство кое ја обликува демократската национална држава на граѓанска толеранција, вистинска слобода на говор и ангажирана и образована јавност. На слободниот пазар на американската духовност просветлувањето се сведе на потење на тренинг на јога, каде телото е лична, а никогаш политичка работа. Образованата средна класа станува луксуз кој повеќе не можеме да си го дозволиме. Ако ништо не пропаѓа толку како успехот, тогаш просветителството пропадна грандиозно.
– Создади свој систем или другите ќе те поробат – рече Вилијам Блејк полн со романтичарска сомнеж во разумот и планираното општество. Кога визионерите ќе почнат да планираат во наше име, наша обврска е да им се спротивставиме. Како што вели Кант, ние сме автономни битија, но под услов така да се однесуваме. Ако на елитите им ја препуштиме интелектуалната работа за носење на одлуки, или се предадеме на лебот и игрите од дигиталната забава, немаме право да се жалиме на резултатите. Пред времето на просветителството, луѓето стенкале под сурови владетели и живеле во ропство.
Просветителството понудило алтернатива, но таа секогаш одново треба да се афирмира: со делување на јавноста, интелектуален ангажман и гласање на избори. Ќе имаме свое просветлување или некои други ќе ни го наметнува своето.