Генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард изјави дека „парите пристигнале“, откако Грција денеска и исплати нова транша од 483 милиони долари на оваа светска финансиска организација.
Лагард на прес-конференција во Вашингтон истакна дека грчките лидери треба да продолжат да работат на обновување на економијата и нејзино стабилизирање, со што ќе го зајакнат суверенитетот на земјата.