Лидерот на турската опозиција Калачдароглу парично казнет за навреда на претседателот Ердоган

Од:

Турски суд денеска му изрече парична казна од 10.000 турски лири на лидерот на главната опозициска Републикансконародна партија, Кемал Калачдароглу, заради навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопшти турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

Адвокатите на Ердоган првично бараа отштета од 100.000 турски лири.

Адвокатот на претседателот, Муамер Џемалоглу, изјави дека Калачдароглу за време на говорот пред парламентарната група на неговата партија, на 14 јануари 2013 година, ги прекршил личните права на Ердоган и притоа го навредил.

Во тоа време Ердоган беше премиер и лидер на владеачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ