Северна Кореја соопшти дека депортирала хуманитарна работничка од САД, обвинета дека статусот го користела како параван за да шири пропаганда против Пјонгјанг.
Официјалната севернокорејска агенција „КЦНА“ ја идентификувала американката као Сандра Сух, додавајќи дека таа често во последните 20 години престојувала во Северна Кореја, под изговор дека тоа било поради хуманитарна работа.
Таа тајно фотографирала и правела видео записи кои се користени како „пропаганда во странство“, а се занимавала и со „ширење на завера“, наведе „КЦНА“.
Инаку според наводите на агенцијата таа признала дека направила престапи и „искрено молела да и простат“.
Е.Г.