Пјонгјанг е во состојба да лансира интерконтинентални балистички ракети ИЦБМ со нуклеарни боеви глави на западниот брег на САД, изјавил шефот на северноамериканската противвоздушна команда, адмирал Вилијам Гортнеј.
-Според наши проценки тие имаат способност да стават нуклеарно оружје на балистичка ракета КН-08 и да ги нападнат САД. Тоа уште денес е оперативно, поради што вежбаме да се спротивставиме – рекол тој повикувајќи се на проценки на разузнавачи, пренесе „Русија денес“.
И во новиот извештај на американско-корејскиот институт при Универзитетот Џонс Хопкинс се наведува дека севернокорејските соседи се оние кои се соочуваат со најголем ризик од севернокорејскиот арсенал, додека способноста Пјонгјанг да ги нападне САД е под знак прашалник.
Е.Г.