Обама и Кастро на самитот во Панама

Од:

Американскиот претседател Барак Обама денеска ја почнува четиридневната посета на Јужна Америка, при што ќе учествува на Американскиот самит на 10 и 11 април во Панама, на кој че присуствува и претседателот на Куба, Раул Кастро.

Белата куќа соопшти дека за време на Самитот има можност за разговор меѓу Обама и Кастро, при тоа истакнувајќи дека не е предвидена официјална средба на двајцата лидери.

Обама прво ќе ја посети Јамајка.

На Американскиот самит ќе присуствуваат 35 шефови на држави и влади. За Кастро учеството на Самитот во Панама е симболичен влез во инфраструктурата на западната хемисфера, која го избегнува прашањето на кубанското членство во Организацијата на американски држави (ОАС), која Хавана ја смета за инструмент на надворешната политика на САД.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија