Угледниот американски весник „Њу Јорк Поуст’’ ги објави фотографиите од моментот на апсењето на македонскиот кошаркар Перо Антиќ, по синоќешниот инциден во еден ноќен клуб во Њу Јорк.
Антиќ, заедно со својот клупски колега Швајцарецот Табо Сефолоша синоќа беа уапсени под обвинение дека ја попречувале работата на њујоршката полицијата, недолично се однесувале кон службените лица, кои правеле увид по инцидентот во кој беше повреден кошаркарот на Индијана, Крис Коупланд.