Груевски го честиташе Меѓународниот ден на Ромите

Од:

Премиерот Никола Груевски им го честиташе 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите на сите припадници на ромската етничка заедница.

„На овој ден, Македонија ја обележува културната специфичност и традиции на ромската заедница, која е една од најстарите на нашата територија. Со Вашата единствена и препознатливa култура, Вие ја збогатувате разноликоста по која нашата држава е препознатлива.

Силата на нашата земја потекнува токму од нашите различности. Начинот на кој го стимулираме развојот на етничкиот, религиозниот и на јазичниот диверзитет е доказ за слободоумието и за инклузивната култура, која е белег на македонското општество. Во оваа насока и во иднина ќе продолжиме да работиме. Ќе го развиваме мултикултурализмот и активно ќе продолжиме да ги поддржуваме соживотот, соработката и хармонијата на нашето општество. Таквиот принцип на братство и на пријателство значи и дека проблемите и предизвиците со кои се соочува ромската заедница во Република Македонија не се само Ваши, тие нè засегаат сите нас.

Иднината на Македонија е иднина на Ромите и наша заедничка иднина, која можеме да ја изградиме онака како што посакуваме само преку сплотеност и заедништво, како што тоа сме го правеле и во минатото“, се вели во честитката од премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба