„Утрото“ е третиот сингл на вокално – инструменталниот состав V.I.S.- VOX од албумот „Песни што секогаш сте сакале да ги слушнете, а не сте имале каде“.
Песната е new wave нумера во Д-мол и го носи звукот на 80-те и новиот бран во Скопје. Напишана е во 20-тиот, а снимена во 21 век. Музиката и аранжманот се на V.I.S. – VOX, а како гостин на тапани настапува Дарко Спасовски. Снимена е во студиото Rock and roll & Гиновски.
Вокално-инструменталниот состав во февруари минатата година го издаде албумот „Песни што секогаш сте сакале да ги слушнете, а не сте имале каде“.
– По многу години, по многу приказни…. По многу синувани и несонувани сништа… Се собравме да создадеме експлозија од звуци, чувства и мигови …. Ние: Гино, Перо PJ, Ѓоле, Рубин и Mayo Vox, познати како вокално-инструментален состав Вокс или V.I.S. – VOX собрани под огромноста на небесниот свод, создадовме музика што трае 30 минути, а самата таа не создаваше нас 30 години. Се надеваме дека се приближуваме до совршената еднаковост…, напишаа тогаш членовите на групата.