Спортско планинарскиот клуб (СПК) „Козјак“ од Куманово, денеска одбележува 33 години од постоењето. Првично клубот бил формиран во далечната 1967 година, а веќе наредната година згаснал, за да биде возобновен во 1982 година. Клубот е еден од најактивните во државава со постојани редовни активности утврдени со годишната програма.
– Клубот учествува на сите традиционални искачувања на планинските врвови во државата и надвор од неа. Досега нашите планинари ги освоија највисоките врвови на Балканот, а во изминатите години, учествуваа и на искачувања во Европа, изјави, генералниот секретар на СПК „Козјак“, Мартин Величковски,
Покрај овие активности, нагласи, планинарскиот клуб оддржува летна планинарска школа, искачување на врвовите на планините низ Македонија и соработка со македонски и балкански планинарски друштва.
Во СПК „Козјак” членуваат 76 активни и 25 пасивни планинари. Во рамки на клубот функционира и школата за млади планинари. СПК „Козјак” располага со два планинарски дома во село Далбочица.