Маџиров на конференција на Асоцијацијата на писатели и програми за пишување во САД

Од:

Поетот Никола Маџиров учествува на конференција на Асоцијацијата на писатели и програми за пишување (AWP Conference) која се организира 48 години по ред и се смета за најголем книжевен настан во САД.

Конференцијата, која вклучува над 550 настани и околу 12.000 посетители, овојпат се одржува во Минеаполис од денеска до 11 април.

Маџиров ќе настапи на панел-дискусијата „Поезијата на преведувањето” и на еден од најпосетените настани „Пејџ митс стејџ” (Page Meets Stage), кој 10 години привлекува огромно внимание поради учеството на добитници на Пулицеровата награда, на иста сцена со припадници на алтернативните поетски текови во Америка.

Читањата на Маџиров се меѓу неколкуте избрани настани кои ќе се снимат и документираат во богатата архива на американската Асоцијација на писатели.

Учеството на Маџиров следува по позитивните критики за американското издание на неговата книга, а во една од нив Марк Странд, добитник на Пулицеровата награда,  напиша дека поезијата на Маџиров е како откривање нова планета во сончевиот систем на имагинацијата.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска