Американскиот Стејт департмент за ден или два ќе предложи Куба да се отстрани од листата држави обвинети за спонзорирање на тероризам, јави Си-Ен-ЕН (ЦНН).
Заменик-советникот за национална безбедност на Белата куќа, Бен Родс претходно изјави дека проценката на Стејт департментот најверојатно е во завршна фаза. Но, тој не можеше да прецизира кога ќе биде објавена.
Американскиот претседател Барак Обама вети дека брзо ќе реагира откако ќе ја добие препорака од Стејт департментот, Куба да се отстрани од американската листа на држави кои спонзорират тероризам.
Обама претходно најави дека САД ќе отворат Амбасада на Куба до Американскиот самит, што ќе се одржи на 10. и 11. април.