Во Кинотеката на Македонија денеска ќе се одржи филмска работилница наменета за деца на возраст од 6 до 14 години.
На работилницата насловена како „Почетокот на филмот“ децата ќе имаат можност да научат нешто повеќе за почетоците на филмот во светот и во Македонија и да погледнат делови од најстарите играни и анимирани филмови за деца.
Работилницата ја организира Креативниот центар „Тинтири – Минтири“ во соработка со Кинотека на Македонија.