Почина бугарскиот принц Кардам

Од:

Кардам од Бугарија, постариот син на поранешниот крал Симеон Втори, почина во Шпанија, седум години по сообраќајната несреќа од која принцот никогаш не заздрави, соопшти денеска кралското семејство.

Принцот Кардам (52) почина во болница во Мадрид од белодробна инфекција предизвикана од долгата неподвижност, пренесува Фена.

Неговиот Јагуар удри во дрво во градот Ел Молар, во близина на Мадрид, на 15 август 2008 година. Неговата сопруга беше полесно повредена во сообраќајната несреќа.

Кардам беше најстариот син од петте деца на Симеон Втори. Поранешниот крал се врати во Бугарија во 2001 година и беше премиер до 2005 година. Тој е единствен член од европските кралски семејства кој беше премиер.

Симеон Втори, кој е повлечен од политичкиот живот, роднина е на англиската кралица Елизабета и белгискиот крал Алберт. Крал стана на шест години, но голем број години живееше во егзил во Шпанија. Тој сега живее во Бугарија.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална