На Инстаграм има еден профил, за кој многумина веруваат дека е еден од најреалните во светот на социјалните мрежи.
Профилот се вика Women IRL, што е скратеница за „in real lifte“ или „во реалниот живот“. На него денес има 64,2 илјади следбеници и 790 фотографии кои прикажуват како навистина изгледа еден вообичаен ден во животот на своремената жена.
Иако сите би сакале деновите да ни изгледат токму како на оние „вештачки“ Инстраграм профили – со совршена фигура, на плажа, со совршено момче дечко и букет рози поголем од нас самите – време е да си признаеме дека тие едноставно така не изгледаат.
А како изгледа еден ден во животот на современата жена? Токму вака како што го прикажува горенаведениот профил: совршено несовршен. Па така ќе се најдат фотографии на пирамиди на неизмиени садови во кујната, изгорен ручек, лош маникир, немирни деца, дамки на белата облека, лош ден за фризура и тн.
Целта на овој профил е да се стави крај на совршени и нереални слики на жени на разните социјални мрежи, а не само на Инстаграа, заради кои многу припаднички на понежниот пол се чувствуваат лошо, сакале тие да признаат тоа на глас или не.
Секоја пофалба за еден од ретките профили, кој од сликата не ги исклучува вистинските животни ситуации, во кои секој од нас се наоѓа речиси секојдневно.