Женската репрезентација на Македонија до 16 години оствари победа во рамките на 2.коло од развојниот УЕФА турнир кој се одржува во Црна Гора. Избраничките на Кирил Изов славеа убедлива победа од 4:1 против селекцијата на Лихтенштајн.
Нашата млада репрезентација одигра уште еден добар натпревар кој го реши уште по првото полувреме со постигнати четири гола.
Головите за Македонија ги постигнаа Максути Улза два, Мила Талевска и Теодора Бумбаровска.
-Девојките одиграа фуриозно прво полувреме повторувајќи ја играта од вчера. Уште во првиот дел успеаа да го решат прашањето на победникот на овој меч. Во второто полувреме од тактички причини малку калкулиравме и решивме да ги одмориме клучните играчи за решавачкиот натпревар во четврток против Црна Гора кој ќе одлучи за првото место на турнирот, изјави селекторот Изов за официјалната веб страна на Фудбалската федерација на Македонија.