Полицијата расветли тешки 14 кражби во Гостиварско

Од:

Гостиварската полиција осомничи и кривично пријави две лица, кои се осомничени дека извршиле 14 тешки кражби во куќи во Гостивар и околните населби во февруари и март годинава.

Полицијата го приведе едниот осомничен, додека по другиот се трага.

Според СВР Тетово, осомничени како извршители на кражбите се А.Х.(22) од Гостивар и А.О.(20) од Кавадарци, со времено престојувалиште во Гостивар. Двајцата пријавени изминитите два месеци, најчесто преку прозорците, кои насилно ги отворале, провалувале во куќите и одземале најразлични предмети, претежно технички производи (телевизори, рисивери и друго), покуќнина (теписи, завеси), облека и алатки. Украдените работи, подоцна ги препродавале на други лица. При извршениот претрес кај едниот, пронајдени се и дел од украдените предмети.

Дваесетгодишниот А.О. е приведен и вчера е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар и определен му е осумдневен притвор, додека А.Х. засега е недостапен и се бара.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он