Конференцијата на тема „Користа на отворените податоци“, ќе се одржи денеска во Скопје, на која свое обраќање ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.
На конференцијата ќе се обрати и координаторот на програмата ИКТ на Светска банка, Олег Петров, членот на Британскиот одбор за транспарентност, Ендру Стот, кој ќе го понуди искуството на Велика Британија како лидер за отворени податоци, како и деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Димитар Трајанов.
Република Македонија се приклучи кон глобалната иницијатива за Отворено партнерство со Владата, а на 1 јуни 2012 година, Владата усвои и Акциски план за реализација на приоритетите од истата.
Отворените владини податоци, како најголем сегмент од Отвореното владино партнерство, претставуваат еден од најголемите предизвици за спроведувањето на акцискиот план.