Поради свлечиште на патниот правец Прилеп-Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е во целосен прекин за сите видови на возила.
Сообраќајот, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, се пренасочува низ Битола.
Претходно, Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека поради снег сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан е затворен само за тешки товарни возила.
Поради остатоци од снег на коловозите и понатаму важат забраните за движење на тешки товарни возила и на планинските премини Стража и Пресека, како и на патните правци крак Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка. За патничките возила движењето е отежнато и се препорачува употреба на зимска опрема.