Големо свлечиште на патот Прилеп – Витолиште

Од:

Големо распукување и свлечиште се појави на патниот правец Прилеп – Витолиште, на десеттина километри кај селото Штавица. Патот е опасен за тешки товарни возила, констатираа денеска од Македонија пат-подружница Прилеп и од локалната самоуправа, кои вршат увид на самото место.

Според Гоце Стефаноски, раководител на подружницата на Македонија пат, ова е голема опасност за сообраќајот кон Витолиште и Мариово.

– На патот изминатите десеттина дена се забележаа свлечишта на земјиштето и има големо оштетување на патниот правец. Сообраќајот се одвива тешко. Неопходно е да се преземат мерки за сообраќајот да се одвива непречено. Во оваа состојба патот може целосно да се свлече до реката. Препорака е да се избегнува овој патен правец. Оштетени се 200 метри во ширина и околу 250 метри во должина и неопходен е поголем зафат, изјави Стефаноски.

Тој рече дека ќе се изврши корекција со ново тампонирање. – Во овој момент ќе се изврши само мала корекција со тампон. Денеска ќе биде прооден патот. Утре е неизвесно и пожелно е да се забрани сообраќајот за тешки товарни возила. Препорака е да се избегнува овој патен правец. Надлежните се информирани, вели Стефаноски.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески со препорака патот да биде затворен за тешките товарни возила и да се избегнува неколку дена, иако е единствениот што ги поврзува мариовските села со градот.

– Станува збор за поголема опасност и препораката е да се избегнува овој патен правец деновиве се додека не се отстрани свлечиштето. Известени се Македонија пат, Јавното препријатие за регионални и магистрални патишта, Министерството за транспорт и врски, како и ЕВН. На овој пат поминуваат тешки товарни возила од „Македонски шуми“ и од неколкуте рудници за мермер и минерални суровини кои ги има во Мариово. Очекуваме наскоро да биде затворен за тешките товарни возила. Инаку ова е единствен патен правец во Мариово и нема алтернативен, рече Ристески.

Големо свлечиште го затвори патот Прилеп – Дервен и иако е од четврта категорија тој целосно е непрооден, информира Стефаноски. Големото свлечиште со над 1.000 метри кубни земја е под превојот Дервен.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска