Косово има најголем број неписмени граѓани

Од:

Во Косово има најголем број неписмени граѓани споредбено со останатите балкански др­жави. Околу 55.000 косовски граѓани се целосно неписмени, односно не знаат ниту да пи­шуваат, ниту да читаат, додека вкупно 82.188 лица се функционални аналфабети, односно знаат да пишуваат и да читаат, но не се во состојба да го разберат тоа што го пишуваат, покажуваат податоците на Агенцијата за статистика на Косово.

Експертите од областа на образованието тврдат дека бројот на оние кои се целосно не­писмени бележи намалување споредено со претходните податоци. Во 1981 година, во Ко­сово, 17,6 отсто од популацијата биле неписмени, додека во годините по војната таа стап­ка се намалила на околу шест отсто.

– Врз основа на претходните податоци, од вкупната популација целосно неписмени биле околу шест отсто. Во последните податоци, таа стапка е помала за два отсто – вели Ха­лим Хисени од Центарот за образование на Косово.

Сепак, Хисени смета дека состојбата е загрижувачка, бидејќи доколку процентот се споре­ди со другите земји во регионот и во Европа, произлегува дека Косово е на прво место во Европа според стапката на неписмени.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина