Ова се најозрачените градови во Србија

Од:

На порталот на српската владина Агенција за заштита од зрачење е објавена мапа, покрај која стојат информации за озраченост на одредени градови.

Според овие податоци, најозрачен град не е Панчево, како што се верувало туку Врање, каде што радијацијата изнесува 140 наносиверти на час, што е за девет повеќе од Винча, која е на второ место. На трето место е Косовска Митровица, додека Панчево воошто не е на листата.

Инаку просечната радиоактивност изнесува околу 100 наносивети и таа може да варира до 50 проценти во зависност од подрачјето.

Опасност постои дури кога оваа вредност ќе се зголеми двојно. Тоа што Врање е на прво место по озраченост, не треба да изненадува бидејќи градот во тек на 1999 година беше бомбардиран со осиромашен ураниум, а потоа се доцнеше и со чистење на радиоактивниот отпад.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ