Нема да и дозволиме на Грција да не уценува, изјави финскиот министер за финансии Анти Ринет за весникот „Алгемајне цајтунг“.
Рине истакна дека е јасно оти Грција ќе добие дополнителни пари само доколку бидат договорени и спроведени реформи во таа земја.
– Заемот бара едногодишна одлука на еврогрупата, а Финска ќе ја даде својата согласност само доколку се испочитувани термините, изјави Рине.
Тој додаде дека ова што го кажал ќе важи без оглед на тоа од која партија ќе биде Министерот за финансии, по изборите во Финска на 19 април.