Една третина од Австријците не веруваат во Бог, покажува истражувањето на виенскиот неделник „Профил“ по повод христијанскиот празник Велигден.
Според резултатите од анкетата околу 64 проценти од Австријците изјавиле дека веруваат во Бог.
Од друга страна околу 30 проценти од испитаниците изјавиле дека не веруваат во бог, без оглед на која религија станува збор.
Дополнителни шест проценти од испитаниците не сакале да учествуваат во анкета на ваква тема.