Изгоре стариот конак во манастирот во Согле

Од:

Голем пожар синоќа избувна во манастирот „Света Богородица” во атарот на село Согле, јави Lisica.mk.

Околу 21.30 часот бил забележан оган во стариот конак, по што веднаш била известена противпожарната единица.

Сепак поради далечината, додека тие стигнале пожарот бил во полн ек.

Целосно е изгорен конакот, а штетата допрва треба да се проценува, но првичните претпоставки се дека таа е голема.

Изгорени се 300 метри квадратни покривна површина, кујна и инвентарот во собите.

Цела ноќ екипи од противпожарната единица и цистерна од Дервен биле на лице место, а 14 лица успеале огнот да го локализираат и изгаснат во 8 часот утринава.

Дефект во електричната инсталација се претпоставува дека е причината за појавата за пожарот. Сепак увидот на стручните лица треба да посочи кон виновникот.

Навремената интервенција на надлежните, ноќеска спречила огнот да се прошири на новиот реконструиран конак, кој пред два месеца беше осветен на голем народен собир и на манастирската црква.

Ако пожарот се префрлил на овие два објекта материјалната штета ќе била десетици пати повисока.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски