На крајот на учебната 2013/2014 година во редовните основни училишта во Македонија имало 190.541 ученици, што е помалку за 1.8 отсто во однос на претходната, 2012/2013 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците на ДЗС, намалување има и во редовните средни училишта, каде што бројот на учениците на крајот на учебната 2013/2014 година изнесувал 84.827, што е помалку за 4.2 проценти во однос на претходната учебна година.