„Монд“: Франција смета дека Киев не ги исполнува целосно договорените обврски од Минск

Од:

Франција смета дека властите во Киев не ги исполнуваат целосно обврските од Договорот од Минск за решавање на конфликтот во источниот дел на Украина, пишува весникот „Монд“.

– Украинскиот претседател Петро Порошенко не успеа да обезбеди поддршка во Парламентот за закон со кој се гарантира организирање на локални избори во областите во источниот дел на Украина и статус на поширока децентрализација. Киев постави услови кои не беа предвидени во договорот од Минск, изјавуваат за весникот претставници блиски на францускиот претседател Франсоа Оланд.

Тие нагласуваат дека „доколку Украинците не го сменат однесувањето, рускиот претседател Владимир Путин може да одлучи повторно да започне офанзива, конкретно кон градот Мариупољ, кој се смета за потенцијална цел на проруските сепаратисти“.

Франција, заедно со Германија, е посредник во преговорите во Минск за наоѓање излез од украинската криза.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности