Ердоган сака да ги замени приватните обезбедувачи во јавните згради во Турција со полицајци

Од:

По двата смртоносни напади во Истанбул, регистрирани неделава, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сака чуварите од приватните служби за обезбедување, кои сега ги чуваат јавните згради, да ги замени со полицајци, соопшти денеска локалната полиција.

-Турција има полициски сили. Тие треба да ги чуваат судовите. Приватните агенции за обезбедување треба да се укинат, рече шефот на државата пред новинарите кои во средата вечерта со него патуваа во авионот на враќање од Романија.

– Мислам дека тоа би била историска одлука, додаде тој.

Во средата припадничка на радикална левичарска група отвори оган од автоматско оружје во главната полициска управа во Истанбул, пред да биде убиена од силите на редот.

Ден претходно, двајца вооружени милитанти од истото движење, Партија/Револуционарен фронт за ослободување на народот (ДХКП-Ц), влегоа во зградата на истанбулскиот суд претставувајќи се како адвокати и еден од обвинителите во судот го зедоа како заложник.

Двете згради биле отворени за јавноста, а ги чувале приватни оебзбедувачи.

Ердоган сака полицијата од сега да ги обезбедува судовите, болниците и фудбалските стадиони. Тој се изјасни и за физички прегледи за адвокатите на влезовите во јавните згради.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ