Литературниот агент Силвија Брунели ќе гостува на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“

Од:

Сопственичката на италијанската агенција „Набу“ Силвија Брунели, која е меѓу најпознатите литературни агенти од Европа, ќе гостува на второто издание на програмата „Skopje fellowship” во рамки на третиот фестивал ПРО-ЗА Балкан, кој во организација на издавачката куќа „Икона“ ќе се одржува од 18 до 20 мај. Издавачите од Скопје ќе имаат можност на Брунели да и ги претстават писателите од Македонија.

Во 1987 година, по долга кариера како универзитетски професор, Брунели ја основала интернационалната литературна агенција „Набу“ која ги претставува авторските права на многу интернационални автори на светскиот пазар, како и интернационални издавачи и агенти на италијанскиот пазар.

Низ годините, агенцијата „Набу“ преговарала за правата и склучила договори со три лауреати на Нобеловата награда за литература. Таа е литературен агент на Дарио Фо кого го застапувала уште пред да стане нобеловец, а ги застапувала Нагиб Махфуз и Ригоберта Менчу, добитници на Нобеловата награда за литература во 1988 и 1992 година.

Нејзината агенција застапувала и интернационално промовирала големи автори како Леонард Коен, Ноам Чомски, Вандана Шива, ВГ Себалт… Брунели е редовно присутна на сите поголеми светски саеми на книга во Франкфурт, Париз, Лондон, Њујорк…

Од деведесеттите години интересот на агенцијата е насочен и кон филмот, па инволвирани се во бројни филмски проекти со актерот и продуцент Клаус Кински, во филмови во кои глумат Петер Фалк (познатиот „Колумбо“), Амбер Тамблин…

– Силвија Брунели ја поминала младоста во Германија, Полска и Америка, а во слободното време патувала низ светот од Аљаска до Тиера дел Фуего и од Нов Зеланд до Гренланд. Иако се приближува до годините за пензија таа дефинитивно сака да продолжи да работи, велејќи “да се биде литературен агент е живот, а не работа, соопшти „Икона“.

Издавачката куќа наскоро ќе го соопшти и името на лауреатот, добитникот на наградата за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот „Прозарт“.

Програмата „Skopje Fellowship“ е востановена во 2014 година и е посветена на странските издавачи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути.

– Целта на „Skopje Fellowship“ програмата е важните имиња од познатите фестивали и од светот на издаваштвото да ги запознаеме со македонската книжевна сцена, од што, се надеваме, ќе произлезат нови преводи, гостување на писатели од Македонија во странство, промоција на литературата од Македонија но и од Балканот, вмрежување на писателите и културните работници од сферата на издаваштвото и книжевноста со колегите од Европа и светот, зголемување на видливоста на литературата од Македонија во странство, информкра издавачката куќа „Икона“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска