Четиринаесет лица повредени во седум сообраќајќи во Скопје

Од:

Четиринаесет лица се повредени во седум сообраќајни несреќи што се случиле во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје.

Од нив, двајца се возачи на патнички возила, седум сопатници, тројца возачи на мопеди и двајца пешаци.

Покрај ова, се случиле уште пет сообраќајни незгоди во кои е причинета материјална штета.

Од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 22 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 10 возачи кои користеле мобилниот телефон за време на возењето, 11 возачи кои имале сообраќајна дозвола со помината важност и 10 пешаци коишто сториле прекршоци по различни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ тргнати се 84 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Во сабота, со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржи меѓународен ракометен четвртфинален натпревар во рамките на Лигата на шампионите помеѓу ЖРК Вардар и Гер, Унгарија. Од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски