Грчките пратеник: До каде е решавањето на спорот со Македонија?

Од:

Пратеникот на Независни Грци Теренс Куик испрати писмо со прашања до грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос. Во своето писмо, тој бара да се објаснат некои работи од процесот за решавање на прашањето за името на Македонија.

Според него, тоа што Грција не реагирала на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов кога тој рече дека „ние како Македонија не можеме да чекаме уште 19 години, да се истоштуваме во еден ирационален спор кој е единствен во историјата на ОН“, значи „прифаќање на некои позиции од другата страна“.

Куик вели дека во наредните месеци ќе се интензивира притисокот од странските дипломати врз Грција за да се реши ова долгогодишно прашање.

„Причината е очигледна. Во 2014 година НАТО планира да прими нови членки во Алијансата, вклучувајќи го и Скопје и сака до тогаш се да е завршено“, пишува пратеникот на Независни Грци.

Куик исто така се жали на тоа што „писмата што ги размениле премиерите Груевски и Самарас се тајна за грчката страна, додека властите во Скопје многу добро ги знаат намерите на Грција и се координирани, додека грчкиот Парламент, политичките партии, политичките сили и грчкиот народ се во информативен мрак за целите и евентуалните чекори што ги презема грчката Влада, и лично премиерот Самарас во врска со другата страна и меѓународната заедница“.

Поради сето ова, тој го прашува Аврамопулос „кое име сега грчката страна го прифаќа за соседната земја, дали планира да остане на позициите од 1993 година или ќе го смени ставот и политиката и ќе прифати друго име, дали ќе се свика совет на политичките лидери за прашањето за името“. Куик на крај бара од шефот на грчката дипломатија да го информира Парламентот за содржината на двете писма: „или ќе го затворите прашањето без претходно да не информирате“ прашува Куик.

Во меѓувреме, денеска заседава грчкиот Национален совет за надворешна политика под претседателство на Аврамопулос. На состанокот се разговара за европската перспектива на Западен Балкан и односите на Грција со земјите од регионот, ситуацијата на Блискиот исток и за грчко-турските односи, соопшти грчкото МНР.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он