Во Турција четири весници се под истрага заради објавени фотографии од киднапираниот обвинител

Од:

Турските судски власти почнаа истрага против четири весници обвинети за „терористичка пропаганда“. Тие се обвинети заради објавување фотографии од турскиот обвинител за време на заложничкатакриза во вторникот која заврши со смрт на обвинителот и двајцата напаѓачи.

Истанбулското Обвинителство покрена процес против Хуриет, Џумхуриет, Поста и Бугјун за тоа дека објавиле фотографија на обвинителот Мехмет Селим Кираз на кој еден од двајцата киднапери му ставил пиштол до слепоочницата.

Фотографијата била објавена откако Кираз бил веќе заложник од активисти на Револуционерната партија и фронт за народно ослободување, кои презедоа одговорност за акцијата.

За време на заложничката криза Високиот совет за радио и телевизија во Турција забрани медиумите да пренесуваат во живо од местото на инцидентот. Премиерот Ахмет Давутоглу изјави дека тој лично забранил медиумите кои објавиле фотографија од обвинителот да известуваат од погребот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ